Телата на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробишта во бугарската престолнина Софија.

Како што соопшти локалната полиција, првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шумата, најверојатно починале од природна смрт, пренесе АП.

Инспекторите се сомневаат дека станува збор за штитеници во домовите за стари лица во Софија, кои таму биле незаконски погребани по нивната смрт, како дел од незаконска шема за наплата на трошоци за погреб.

Во врска со случајот е уапсен 51-годишен службеник на погребално претпријатие, кој е обвинет за припадност на поголема криминална група која ги земала телата на починатите од домовите за стари лица, наводно планирајќи кремирање, по што ги закопувала во шумата во близина на гробиштата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.