Германските медиуми се прашуваат каде исчезнала Мирнеса С., осомничена дека украла милион евра од компанија за транспорт на пари во Штутгарт.

Полицијата во Германија со денови трага по неа и исчезнатиот плен.

Медиумите јавуваат дека Мирнеса пролетта годинава почнала да работи како телефонски оператор во фирмата од која наводно украла повеќе од еден милион евра во кеш.

Таа не само што била на телефон за време на кражба туку помогнала да се вчита вредниот товар на компанијата во повеќе наврати.При транспортот, банкнотите се завиткуваат и по распакувањето се ставаат во касети за да се достават до банките.

Кражбата била извршена на 14 октомври, а оттогаш Мирнеши се води како исчезната. Полицијата смета дека е можно „впечатливата тетовирана русокоса“, како што ја опишаа германските медиуми, оттогаш заминала во странство со милион евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.