Грчкиот новинар Јанис Колатос од Лариса изјави дека во близина на тој град се случила најголемата железничка несреќа во историјата на Грција.
Според него, најголем дел од жртвите се млади и студенти кои се враќале во Солун по тридневниот празник.
Колатос за „N1“ прецизирал дека несреќата се случила во Темпи во вторникот вечерта околу 23 часот на ноќната линија што сообраќала од Атина до Солун.
Тој додава дека грчкиот министер за здравство е на местото на несреќата од полноќ и ја координира акцијата за евакуирање на повредените во локалните болници.
Калатос истакнува дека Темпи е место каде често се случувале несреќи. Во минатото во сообраќајна несреќа загинале 15 млади лица кои се враќале од одмор.
Потоа следувала уште една сообраќајна несреќа во која загинале 15 навивачи на Паок од Солун.
За потсетување, во сударот на два воза кај Лариса загинаа најмалку 36 лица, а повеќе од 80 се повредени.
Како што се наведува во текстот, засега не е јасно како двата воза завршиле во иста лента, бидејќи се работи за модерна железница со два колосеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.