Матеј Периш од Сплит, по кого полицијата интензивно трага од 31 декември минатата година, неколку месеци пред да исчезне во сообраќајна несреќа, остана без својот најдобар пријател Ивор Алуниќ чија смрт ја виде со свои очи!
Ивор одел на училиште со Матеј иако бил една година помлад. Како и Матеј, тој беше исто Скипер, работеше на брод во сопственост на таткото на нивните пријатели.
Таткото на Ивор не сакал да му купи мотор, па момчето решило да собере пари од платата и да купи мотор. Тоа го направил две недели пред неговата смрт. Кобниот ден Матеј и Ивор отишле на Макарска, а на враќање го сретнале Виченца Шопта, братот на Маја која Матеј ја видел во Белград за последен пат.
Ивор почнал да го брка Виченца а Матеј одел позади него. Најверојатно сакал да го претекне и да го повика. Матеј го следеелИвор, но во еден момент тој преостро влезе во кривината, удрил во тротоарот и изгубил контрола. Моторот се превртел и тој паднал. Кацигата му паднала, а иако била нова, не била добро врзана, па добил смртоносен удар во главата.
Матеј притрчал до него, се обидел да го реанимира, му дал вештачко дишење и повикал брза помош. Ивор паднал во кома и набрзо починал. Матеј тогаш почувствувал дека душата му се распаѓa и затоа решил да го продаде моторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.