Припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лачарк. Момчето е приведено поради постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста.
Според српските медиуми, полицијата се сомнева дека на социјална мрежа објавил фотографија од Коста кој уби осум деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека и тој ќе го стори истото.
Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица.
Изминатава недела имаше два масакри во Србија. Едниот беше во училиште, а другиот во Младеновац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.