Во интерес на стабилноста на Обединета Европа, секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги поддржува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, а Бугарија ги очекува дефинитивни резултати од Република Македонија во овој поглед пред да се согласи за почеток на преговори, изјавил шефот на бугарската држава Румен Радев за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Според прес-центарот на бугарскиот претседател, Радев посочил дека Бугарија и Република Македонија се договориле да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, чија имплементација ќе го унапреди процесот на европска интеграција на нашиот југозападен сосед, но се уште нема резултати во оваа насока.
-Очекувањето на нашата земја за правно обврзувачки гаранции да се вклучат во преговарачката рамка за Република Македонија и да се обезбеди имплементација на обврските преземени од нашиот источен сосед, ги констатирал и претседателот, соопшти тамошниот прес-центар.
Радев, исто така, истакнал дека „неспроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка од страна на РСМ, 5 години по неговото потпишување, бара конкретни чекори и резултати, чија имплементација ќе ја врати и зајакне нашата доверба“.
Во текот на денот, францускиот претседател се слушна и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Според прес-службата на Владата, Макрон кажал дека Франција останува посветена на европската перспектива на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.