Повеќе од 250 војници на земјите на НАТО вежбаа планинска воeна акција во Црна Гора.
Припадници на вооружените сили на Црна Гора, Австрија, Македонија, САД, Италија и Центарот на НАТО за планинско војување ги тестираа своите вештини и знаења во планинското војување, како и операциите за пребарување и спасување (САР), за време на маневрите „Заеднички предизвик 23“.
Движењето низ снежните наноси, изградбата на засолниште и преноќувањето на ваков терен бара внимателно планирање, заедничка работа и беспрекорно познавање на опремата со која располага, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Црна Гора.
Вежбата „Заеднички предизвик 23“ собра над 250 учесници, што ја прави најголема меѓународна воена вежба во зимски услови во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.