4-годишната С.М. од околината на Нова Црња е уапсена поради постоење на основано сомнение дека извршила кривично дело семејно насилство. Полицијата од Зрењанин, по налог на основното јавно обвинителство во Кикинда ја уапси С.М. поради сомнение дека на 3 декември околу 19 часот, во семејната куќа во Српска Црња, по кавга го полеала момчето со запаллива течност, по што од сѐ уште неутврдени причини, неговата облека се запалила.
Во Ургентниот центар на болницата во Зрењанин кај момчето А.Т. се констатирани тешки телесни повреди, по што е префрлен на Клиниката за пластична хирургија во Нови Сас. Тој се наоѓа во тешка состојба, додека неговиот татко Раде за медиумите раскажал дека не му е јасно како можела мајката да го повреди своето дете.
Тој ми е најстар син. Голема рана ми е ова и тешко ми е да зборувам. Се здобил со изгореници, над 50 проценти, веројатно ќе го загуби видиот и косата му е целосно изгорена, вели неговиот татко.
Вели дека неговиот син понекогаш знаел да ја испровоцира својата мајка, но не може да најде причина за она што се случило.
Како може мајка ова да му го стори на своето дете. Таа ме остави и отиде кај друг човек. Син ми беше лут поради тоа и го разбирам, знаеше да ја навреди, но нема работи што можел да и ги каже, за таа поради тоа да го запали, вели тој.
Осомничената жена издржувала казна куќен притвор без електронски надзор, а синот и дошол во посета кога таа после кавга го полила со бензин и го запалила.
Според изјавата на нејзиниот помлад син, таа ги оставила осумте деца кај првиот сопруг и заминала да живее со друг маж кој исто така бил алкохоличар. Била казнета за нанесување на тешка телесна повреда, но не лежела во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.