Лука Бојовиќ како и повеќето деца во деведесеттите, ја започнал својата криминална кариера на улица. Уште како тинејџер стана „дете“ на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Засекогаш ќе остане мистерија што би станал Лука доколку не бил маѓепсан од животот на Жељко Ражнатовиќ, кого го запознал како дете преку неговиот татко Вук Бојовиќ, долгогодишниот директор на белградската зоолошка градина.
Сè започна во пролетта 1992 година, кога Аркан со својата српска доброволна гарда се подготвуваше да замине на бојното поле во источна Босна.
Додека издавал наредби за движење од штабот во неговата куќа на Дедиње, бил пресретнат“ од 19-годишниот Лука, кој го молел да оди со своите „Тигри“ во војна.
– Нема да одиш никаде, дете, јасно ли е?-наредил Аркан.
Но, набрзо се предомислил и го одвел Бојовиќ во војната, каде, според кумот на Аркан, Радет Ракоњац, се покажал како еден од најхрабрите и најверните гардисти, кој на само 19 години добил чин втор поручник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.