Во тек е истрага кој од вработените во Министерството за внатрешни работи во БиХ го известил Немрин Сулејмановиќ каде се наоѓа неговата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ, која се криела кај нејзината тетка и каква улога Џенана Селимовиќ, полицајка на ПУ Градачац има во случајот со крвавиот пир на бодибилдерот кој во живо на Инстаграм уби три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби.
Како што неофицијално дознава „Аваз“, Сулејмановиќ бил во љубовна врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка.
На Селимовиќ, која моментално е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, засега ѝ се заканува само суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење.
Сулејмановиќ е осудуван за разни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години осуден е за обид за убиство, за што Џенана Селимовиќ знаела.
Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.
Селимовиќ како полицаец била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај.
Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.