Ликвидацијата на Жељко Ражнатовиќ е договорена на тајна средба во Палиќ, на Стара Нова 2000 година, нешто повеќе од 24 часа пред Аркан да биде ликвидиран во фоајето на хотелот „Интерконтинентал“. Заедно со Ражнатовиќ, убиени се и бизнисменот Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ полицаец, кои седеле во фоајето со него.
За ова дело во октомври 2006 година, Окружниот суд во Белград ги осуди поранешниот полицаец Добросав Гавриќ, Милан Ѓуричиќ и Драган Николиќ. Сите тројца се осудени на 30 години затвор, додека петмината обвинети се осудени на вкупно 30 години за помагање. Дејан Питулиќ, Вујадин Крстиќ и Стојан Ранковиќ добија по шест години затвор, а Ѓорѓе Грубачиќ и Миломир Васиљевиќ по три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.