Во компанијата во Широки Бријег, БиХ, во пакувања со банани е откриена поголема количина кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони евра, пишуваат медиумите во таа земја.

Како што неофицијално дознаваат, сопственикот на фирмата случајот го пријавил во полиција откако вработени во фирмата која се занимава со увоз и извоз на овошје откриле дрога во бананите.

Според првичните информации, кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката.

Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегле на терен и ги спроведуваат сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег.

Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки.

Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.