Koсовскиот премиер Албин Курти не дозволува директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, да ги посетува ранетите српски деца.
Косовски Албанец вчера на Бадник пукал во братучедите.
Курти вечерва ми забрани да ги посетам повредените српски момчиња Милош и Стефан во болницата во Грачаница! Иако побарав да ми дозволат да ги посетам ранетите, наидов на блокада. Никој не може да ја спречи вистината за маките на нашите деца! Дали се ова европски средства, напиша Петковиќ.
Стефан (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети во Готовуша кај Штрпце. Тие добиле лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа ги испратиле на хируршкото одделение во Грачаница.
Србија повика меѓународната заедница да реагира затоа што Србите на Косово ни на празник не се безбедни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.