Протече фотографија од состанокот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиопт премиер Албин Курти која го привлече вниманието.

Двата лидери беа послужени со газирани пијалоци и хамбургери на преговарачката маса меѓу страните.

„Лажен дијалог со лажни пијалоци“, „ЕУ да отвори синџир за брза храна“ беа дел од коментарите кои веднаш ги преплавија социјалните мрежи придружувајќи ги објавите и сликите од средбата.

Српските медиуми го коментираа говорот на телото на учесниците. „Курти мирен и насмеан, додека Вучиќ е како на погреб“, беше насловот на еден од медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.