Премиерот на Косово, Албин Курти упати порака до косовските граѓани да не го величат или глорифицираат Фатон Хајризи, косовскиот државјанин кој во петокот беше ликвидиран во Србија откако уби еден полицаец и рани друг.
На владина седница Курти рече дека за расветлување на околностите поврзани со неодамнешното бегство на Хајризи од затвор во Косово до бегството во Србија и пријавеното убиство, потребна е локална и меѓународна истрага.
„Во меѓувреме, ги повикувам граѓаните на Косово да не наседнуваат на еуфоријата од хероизацијата и романтизирањето на Фатон Хајризи“,
рече Курти.
Припадници на полицијата го убија Хајризи во околината на Лозница, недалеку од областа каде тој го изврши убиството.
Како што пренесоа српските медиуми, тој пукал во полицајците кои го опколиле, а нив ги спасиле панцирните елеци и кацигите што ги имале.
Пораката на Курти доаѓа откако по ликвидацијата на Хајризи, на социјалните мрежи се појавија песни за неговиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.