Урош Б. (21), кој во четвртокот навечер уби осум, а рани неколку лица во околината на Младеновац, Србија, во едно видео на „Инстаграм“ се нарекува себеси „малиот Кристијан“ алудирајќи на Кристијан Голубовиќ.
Зошто тој убиец се повикува на мене? Зошто зборува дека е Малиот Кристијан, па кого сум убил јас во животот? Рекол дека сум му бил идол, па 300 луѓе и деца дневно велат дека сум им идол, но никој не зел пиштол и не убил некого, рекол Голубовиќ за „Информер“ .
Понатаму не сакал да ја коментира оваа ситуација, бидејќи, како што истакнал, неговата невенчана сопруга Кристина била многу вознемирена и исплашена, бидејќи го имаат четиримесечниот син Консантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.