Косовскиот Србин Никола Недељковиќ, кој помина шест месеци во притвор под обвинение за „поттикнување етничка омраза и нетрпеливост“, денеска беше пуштен, а пред затворот го пречекаа неговите родители, објави Косово онлајн.

„Не сакам да коментирам за деновите поминати во затвор, среќен сум што конечно сум со семејството. Во моментов немам никакви планови. Најважно е што ова е готово, можам конечно да си одам дома со моето семејство, за се друго има време.Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои се со мене и моето семејство од првиот ден. Можам да кажам дека сум среќен. Ако поради нешто требаше да бидам еден ден во затвор, нека биде затоа што сум Србин и затоа бев во затвор“, рече Никола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.