Апелациониот суд на Косов ја прифати жалбата на Насер Кељменди и го ослободи од обвиненијата за трговија со дрога, за што првостепено беше осуден на затворска казна од четири години и осум месеци.

Во образложението на судската одлука беше наведено дека Кељменди е ослободен бидејќи не е докажано дека го сторил кривичното дело за кое е обвинет.

Кој е Насер Кељменди

Насер Кељменди е наречен „балкански нарко барон“. Главата на семејството Кељменди е дефинитивно Насер, кој некогаш беше етикетиран како најголемиот регионален наркобос на Западен Балкан. Покрај тоа, тој беше под истрага и од американската агенција ДЕА.

Тој наводно бил главен финансиер и организатор на шверцот на хероин, кој со автобус од Албанија пристигнувашево Пеќ, потоа преку Рожај се транспортира до Нови Пазар, а од таму во Западна Европа пред неколку месеци

 

Во бизнисот се вклучени и неговите синови

Најстариот син на Насер, Елвис, беше осуден на четири години затвор во 2015 година во Приштина за обид за убиство.

Вториот син Лиридон остана запаметен по тоа што ги поттикнувал полицајците да му издаваат лажни документи нему и на неговиот брат Елвис, а два месеци по излегувањето од затвор повторно бил уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.