По упатствата дадени од кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, во Кипар ќе биде отворена специјална банкарска сметка за помош и поддршка на Украина, а паралелно ќе се собира и хуманитарна помош.

Според кипарските власти, на овој начин Кипар изразува солидарност и практична поддршка за украинските граѓани.

Освен отворената банкарска сметка, почнува и кампања за собирање хуманитарна помош во соработка со Министерството за надворешни работи на Кипар по контактите со Владата во Украина.

Иницијативата е поддржана од локалната самоуправа и невладини организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.