КФОР соопшти дека го зголемил присуството на административниот премин Јариње од превентивни безбедносни причини.

Од таа мисија посочуваат дека засилувањето на војниците било извршено поради можното присуство, како што се наведува, на криминални групи меѓу демонстрантите.

Во близина на административниот премин Јариње на страната на централна Србија денеска се одржа собир на десничарски организации со цел, како што наведоа, „да се деблокира преминот за Србите од Косово и Метохија“.

Како што јави агенцијата Срна, учесниците на состанокот дошле од централна Србија, Црна Гора и Република Српска.

Припадниците на КФОР развлекле бодликава жица зад административната линија, на косовската страна, додека на страната на централна Србија бил формиран српски полициски кордон, кој ги спречил демонстрантите да стигнат до самиот административен премин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.