Поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во својата нова книга лидерот на УЧК Хашим Тачи го опишува како од романтичен роман.
-Црната коса од младоста ја замени со сива грива, а белите влакна се резултат на војна и стареење – напиша Ештон.
Насловот на шестото поглавје во книгата е „Западен Балкан: дијалог меѓу Србија и Косово“.
Според Ештон, на барање на Приштина било воведено ниту една страна да не го блокира патот на другата кон членство во меѓународните организации.
Вучиќ и Дачиќ веднаш го отфрлиле со образложение дека се работи за признавање на Косово како држава и дека тоа е ново прашање вклучено во разговорите.
„Направивме грешка“, признава Ештон во книгата и објаснува дека Вучиќ предложил таа реченица да се смени и да гласи „ниту една страна не смее да го попречува патот на другата кон Европската унија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.