На меѓународниот аеродром во Тирана е спречен обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун.

Полицискиот комесаријат на аеродромот „Ринаси“, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена информација по оперативен пат дека странец ќе се обиде да влезе во Албанија со значителни количини фалсификувани банкноти, успешно ја финализираа акцијата насловена „Ластра“. Во нејзини рамки уапсен е камерунскиот државјанин Ј.Н.(53), кој поседувал дозвола за престој во една од земјите на Европската Унија – се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека при контролата, полициските службеници во багажот на овој граѓанин откриле 1 милион и 75 илјади фалсификувани евра, во различни апоени, најмногу од 500 и 200 евра, апаратче и специјална хартија за производство на банкноти од различни апоени, кои се запленети заедно со мобилен телефон.

Од истражните дејствија постојат основи на сомнение дека овој државјанин во соработка со други државјани во нашата држава пуштале во оптег фалсификувани банкноти. Продолжува работата за откривање и приведување на соработниците – се наведува во соопштенето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.