Тие беа убиени по ваша наредба. Го извадија срцето на Абди и го ставија на земја, а еден од нив ја зеде неговата бела капа и му ја стави во уста“

Вака сведочеше  Биљал Авдиу, сведокот на Хашкиот трибунал за наводниот масакр во селото Рачак во 1999 година што беше повод за НАТО бомбардирањето на Србија.

Сепак, во заклучокот од извештајот и документацијата од обдукцијата извршена од финските медицински експерти, до која медиумите успеаја да дојдат иако долго време се крие, се вели:

 

Немало егзекуција.Немало осакатување на телото.Немало пукање од непосредна близина.

Тогашната верификациона мисија на ОБСЕ, на чело со Вилијам Вокер, ги обвини српските безбедносни сили за настаните во Рачак, а тој настан беше пресуден за одлуката за агресијата на НАТО врз тогашна Југославија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.