Доцна синоќа ужасна вест го потресе селото Дубионица во општина Сјеница, пренесуваат српските медиуми.

39-годишна жена ја избодела својата 67-годишна свекрва неколку пати со нож.

Според тамошните медиуми осомничената снаа живеела во Германија, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка. Наводно, ја обвинувала свекрвата за разводот, и што е разделена од децата.

Свекрва починала од здобиените убоди.

Инцидентот се случил во семејниот дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.

Против осомничената е поведена постапка поради сомнение за тешко убиство. Во моментов е во притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.