Известувачката за Косово во Европскиот парламент (ЕП), Виола фон Крамон денеска изјави дека трпението на членките на Европската Унија кон Србија „постепено исчезнува“ и дека можни се рестриктивни мерки насочени кон раководството, а не кон граѓаните доколку не соработува во истрагата за настаните во Бањска, пренесе Бета.

Европскиот парламент денеска треба да гласа за „Резолуција за последните случувања во дијалогот Србија-Косово, вклучително и за состојбата во општините на северот на Косово“, на предлог на социјалдемократите од ЕП.

Според  нацрти на таа резолуција, во неа се споменуваат рестриктивни мерки кон Србија, како и барање за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово, што Фон Крамон го потврди за телевизијата Н1.

Таа повтори дека ЕУ не сака да ги казнува граѓаните на Србија, дека треба да се прави разлика и дека мерките се изричито против раководството



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.