Медиумите пренесуваат дека околу 70.000 граѓани вечерва излегоа на улица во Скопје, барајќи оставка на владата. Протестот го предводи опозициската ВМРО ДПМНЕ, која според анкетите е далеку пред владејачката СДСМ, од каде доаѓа премиерот Димитар Ковачевски, пишува српски Информер.
Оставката ја побара лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се закани со целосна блокада на државата, доколку Владата не го послуша гласот на народот и не распише избори. Тој остро се спротивстави на начинот на кој власта ги води преговорите со Бугарија, од кои зависи напредокот на Македонија кон ЕУ.
Дали македонската Влада ќе падне после бугарската останува да се види во деновите кои доаѓаат, пишува Информер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.