Дека во Бугарија има разумни луѓе доказ е и новинарот Огњан Стефанов. Тој во текст за „фрогњус“ посочува дека имињата на бугарските клубови во Македонија се чиста провокација.

Се разбира, ова е провокација. Зошто ги затвораме очите и се правиме наудрени?Иван Михајлов, познат деец на ВМРО, е човек со сложена биографија. Во историјата на Југославија, чиј дел беше и Македонија, оставил спомен за учество во трагични епизоди. Организирал терористички акти, соработувал со СС рајхсфирерот Хајнрих Химлер, создавал пронацистички баталјони кои се бореле против југословенската Народно-ослободителна армија, бил збратимен со хрватските усташи – локалните поддржувачи на Хитлер итн. Уште многу може да се каже …Мора да се запамети дека Југославија храбро се бореше против хитлеровите трупи, не се предаде и плати со околу 2 милиони жртви. Дел од нив се Македонци.Борис III можеби за нас е обединувач, но за Македонците е освојувач-објаснува новинарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.