Еден жител на Белград имаше неверојатна среќа да помине без посериозни последици  кога беше прегазен од автомобил додека одеше по тротоар.

На видео од безбедносна камера се гледа како автомобил се залетува кон тротоарот, по кој пешачи 27-годишното момче и уште еден човек, по што од грб го удира и без да сопре продолжува да вози.

За среќа на момчето, тој минал само со полесни повреди.

Во улицата Браќе Јерковиќ синоќа на тротоар е соборен пешак (27). Тој бил пренесен во Ургентен центар и се покажало дека има полесни телесни повреди. Возачот побегнал од местото, но полицијата брзо утврдила за кое возило станува збор, па се очекува апсењето на возачот да се случи наскоро – пишуваат српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.