Иако во Грција големиот празник Богојавление Водици се прославува на 7 јануари, добро е да се потсетиме како се прославува во лулката на цивилизацијата.

Судејќи по видеата кои се појавија на мрежите, Грците како да ги обземале Бугари. Се сеќавате на сите бугараштини поврзани за Водици.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, капачот нурна по светиот крст, ни помалку ни повеќе, туку во фонтаната!

Свештеникот прво ставил крст во водата, а потоа човекот полека влегол во фонтаната, испливал еден круг и излегол со крстот. На крајот попот го благослови, додека насобраните снимаа и сите ги наградија со овации.

– Од авион се гледа дека не е местенка; Ова мора да е Бугарија – се дел од коментарите на видеото.

Се се одвивало на островот Хиос.

Другата снимка, пак, доаѓа од Солун, каде што попут успеа цел базен да промаши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.