Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина вчера ја усвои Одлуката за барањето за доделување кандидатски статус на БиХ во ЕУ по забрзана постапка. На истата седница делегатите одбија да го прифатат предлогот на Законот за спречување судир на интереси, како и да ја усогласат државната реакција на БиХ со онаа на ЕУ по однос конфликтот во Украина.

Таквите одлуки се оценети како големо разочарување кај меѓуародната заедница. Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер, кој преку својот „твитер“ профил денеска истакна тоа бил разочарувачки ден во Парламентот на БиХ.

„Се бара статус на кандидат додека се отфрлаат клучните правни реформи за владеењето на правото“, рече Сатлер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.