Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека во Србија би сакал да види прозападна влада и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои, според него, гласале Србите, пренесе Бета.

„Би сакал да го видам тоа и разбирам дека составувањето влада е комплицирано. Кога во минатото ме прашуваа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати излегуваше дека сум погрешил. Не им кажувам на владите кого да стават на кои функции“, изјави Хил во интервју за денешен Блиц.

Како што додаде, живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како оние за енергенсите.

„Би сакал да видам влада која е способна да ги надмине овие предизвици и која сака да се движи кон Запад. Многу е јасно дека народот на Србија го избра тоа“, нагласи Хил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.