Поранешниот лидер на ОВК и претседател на Косово, Хашим Тачи, при денешното обраќање пред судот изјави дека „Жолтата куќа“ никогаш не постоела, ниту пак трговијата со органи и дека очекува да биде ослободен од сите други обвиненија.

Тачи рече дека кога извештајот на Дик Марти се појавил во медиумите пред 13 години, тој веднаш побарал од меѓународната заедница да спроведе независна истрага.

„Меѓународната заедница ме информираше дека Специјалниот суд е од суштинско значење за да се отфрлат тие мрачни наводи за трговија со органи кои му се припишуваат на Косово. Светот сега знае дека немало трговија со органи, жолтата куќа никогаш не постоела, а ниту ОВК ниту јас вината за тоа што ни се пропишува“, рече Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.