Грозоморно убиство се случи во Србија, во местото Тутин. Жртва е 28- годишниот Нусрет Дестановиќ, кој бил претепан до смрт од повеќе лица, меѓу кои и поранешниот сопруг на жена со која тој се среќавал. Дестановиќ отишол на средба , мислејќи со жената, а бил пречекан и убиен од лицата блиски до нејзиниот сопруг.
Се покажало дека пораката за средба ја испратил поранешниот сопруг на жената, со цел да го намами да дојде. Притоа, го начекале мажите и го претепале до смрт. Жителите на Тутин се сомневаат дека и жената е вмешана и дека таа намерно го дала својот телефон, за Дестановиќ да мисли дека ќе се сретне со неа.
Телото на несреќното момче е пронајдено во бунарот во дворот кај осомничениот за убиство. Во меѓувреме, тој успеал да побегне во Германија, без никој да забележи деа нешто се случило.
Во полициска акција припадниците на МВР во Нови Пазар уапсија три лица во врска со бруталното убиство на Дестановиќ. Меѓу уапсените е и Е.Џ. (18) од Сјеница, осомничен за тешко убиство во соизвршителство и Елвис Хрњак (40) од Нови Пазар, обвинет дека му помагал на сторителот по извршувањето на кривичното дело. Третото лице Ријалда Хачи (27) од Сјеница е приведено бидејќи не пријавило подготвување кривично дело. Додека Сеад Зеќовиќ е во бегство и недостапен за полициските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.