Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, коментирајќи го интервјуто на албанскиот премиер за Би-Би-Си, изјави дека дури и Еди Рама го обвинува Албин Курти за ситуацијата на Косово и Метохија и дека тоа е катастрофа за Косово.
„Дури и албанскиот премиер го обвинува Курти. Тоа е катастрофа за Косово“ – напиша Гренел на Твитер, заедно со видеото од интервјуто на Еди Рама.
Во вчерашното интервју за Би-Би-Си, албанскиот премиер изјави дека САД и ЕУ се „сосема во право“ кога се во прашање настаните на северот на Косово и Метохија, како и дека позицијата на премиерот Курти, не е точна.
„САД и ЕУ сакаат да го подигнат Косово на друго ниво и затоа се целосно во право за настаните во северните општини, а не за Албин Курти“, изјави Рама, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека не е добра идеја да се инсистира новите градоначалници да влезат во општинските згради и со тоа да поттикнуваат насилство, „каде војниците на КФОР беа неправедно повредени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.