Дека македонскииот јазик има длабоки корени и не е од 1945 година и посебно не е распространет само на територијата на денешна Македонија доказ е Абецедарот од 1925 година кој го издала грчката влада.

Во него се потврдува постоењето на македонскиот јазик кај Македонците во Грција и се говори за дијалекти како воденски и лернински.

Конкретно, леринскиот говор е кодифициран со латинична транскрипција во Абецедарот на македонски јазик.

На пописот во 1920 Македонците се изјасниле тоа што се-Македонци иако тие резултати грчките власти одбивале да ги објават.

Но сево ова е поништено со изјавата или Декларацијата со која се тврди дека дијалектите имаат распространетост само на територијата на денешната македонска држава кое е остро осудено од страна на научната фела.

Професорката Елка Јачева Улчар смета дека најголемиот проблем во Декларацијата за македонскиот јазик е што се тврди дека тој има свој историски и временски континуитет но и дека дијалектното простирање се ораничува во државните рамки на денешна Република Македонија со што ние практично се откажуваме од дијалектното простирање на македонскиот јазик кое е многу пошироко од државните граници.

Со ова како да одиме контра како што кажа професорот Блаже Конески кој велеше дека македонскиот јазик е нашата единствена целосна татковина. Тој смета на тоа дека македонскиот јазик е поширок од државата Македонија-објаснува професорката за „Република“.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.