Авион на грчката авиокомпанија „Егеан ерлајнс“ што утрово од Атина полетал кон Москва, кусо пред да влезе во рускиот воздушен простор од безбедносни причини добил наредба да се врати назад и се очекува да слета на атинскиот аеродром.
Од грчката авиокомпанија објаснуваат дека „од безбедносни причини и поради карактеризацијата на поширокиот регион како регион со висок ризик, авионот од оперативниот центар на компанијата добил наредба да се врати на Атина“.
Од компанијата додаваат дека од 14 февруари за летовите кон Москва го избегнува украинскиот воздушен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.