Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов за бугарскиот весник „24 часа“ изјави дека ниту издал дозвола, ниту забранил отворање на приватен македонски културен клуб. Тврди дека ако некој шпекулирал за неговото име и за градоначалничката институција, тоа било лага.
Стојанов тврди дека немал никаква врска со општината и нема врска со него.
– Група луѓе изнајмиле соба од приватно лице и решиле да направат клуб. Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен настан, коментира Стојанов и додава дека добил п окана за нејзино отворање, но нема да оди.
Kлубот треба да се отвори во недела и на настанот ќе учествува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски но не и премиерот Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.