Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид и официјално ја напушти Македонија по добивањето одобрение од судските институции. По напуштањето на земјата, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.
„Ѓорге замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, им е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За сè што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.
Српските медиуми објавуваат дека Давид прво се сретнал со адвокат во неговиот тан во Белград, по што заминал со такси возило.
Пристигнав во Србија. Тоа е се што смеам да ви кажам за сега. Утре ќе знаете детали – изјавил Ѓорѓе веднаш по доаѓањето во својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.