Пожар, кој избувна попладнево во боровата шума над едно од најпосетуваните летувалишта во Албанија, пристанишниот град Шенѓин, постои опасност да зафати дел од куќите во кои престојуваат туристи.

Според албанските медиуми ветрот кој дува дополнително ја отежнува интервенцијата и условува проширување на истиот.

-Засега не се познати причините за овој пожар, но за гаснење се ангажирани противпожарни единици и од соседните градови, вработени во шумската служба, полицијата и армијата. Поради ветерот пламенот напредува и може да се прошири, наведуваат медиумите.

Дел од објектите кои се под теренот каде беснеат пламените јазици, се издаваат на туристи, па е побарана координирана интервенција меѓу сите институции за да се стави под контрола пожарот.

Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на Улцињ а е опколен со борова шума, е најпосетувано од македонски, косовски, српски и полски туристи.

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 24 пожари, од кои 19 се локализирани или ставени под контрола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.