Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ оцени дека воведувањето на таа земја на Отворениот Балкан би било „еднакво на ново велепредавство“.

Во моментот кога Владата го усвои темелниот Договор, тоа беше легитимна влада. Јас се спротивставив, верувам дека тоа беше задкулисна работа во корист на некои центри надвор од Црна Гора, дека премиерот го прави тоа и дека сака да го направи тоа без вклученост на професионална и лаичка јавност – рече Ѓукановиќ и додаде дека денешното воведување во Отворениот Балкан ќе биде „неодговорно и транспарентно, во служба на интересите на некои земји и спротивно на интересите на Црна Гора“.

Посочи дека авантурата на Владата која ја изгуби довербата со обидот да ја воведе државата во Отворениот Балкан би била еднаква на ново велепредавство.

Тој, исто така, потенцира дека „Отворен Балкан го започнаа луѓе кои ја изгубија довербата во реалноста на европската перспектива за нивните земји“, пред се од Србија, Албанија и Македонија.

Иницијативата не не подготвува за живот во ЕУ, подразбира соработка според балканските стандарди и верувам дека тоа не ни треба. И не мислам дека Црна Гора треба да им се придружи на оние кои ја загубија довербата во европската перспектива – додаде Ѓукановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.