Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонски г.г. Стефан задутре ќе служат литургија за помирување во храмот Свети Сава во Белград, објави Танјуг повикувајќи се на извори од Патријаршијата.

Литургијата ќе започне во 9 часот, а ќе сослужуваат сите архијереји на двете цркви.

Патријархот Порфириј ги повика верниците во што поголем број да присуствуваат на архијерејската литургија.

Соборот на СПЦ вчера соопшти дека прифаќа статус на најширока можна автономија за Македонската православна црква, односно целосна внатрешна самостојност која ѝ е доделена уште во 1959 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.