Албанија е рангирана меѓу земјите кои изгубиле најмногу население по 1990 година кога започнаа брзите политички, економски и демографски промени, јави албанската агенција Балканвеб.

– На Денот на населението, Евростат објави податоци за движењето на населението во европските земји. Во 2023 година, во споредба со 1990 година, населението во Албанија е намалено за 15,1 отсто, односно на 2.761.785 жители, од 3.254.541колку што имала земјата популација, пред да започне циклусот на емиграција и постепеното стареење на населението, наведува агенцијата.

Според тоа, Албанија е на петтото место во Европа (не вклучувајќи ги земјите од поранешниот Советски Сојуз) според високата стапка на намалување на населението.

– Прва во Европа е Бугарија, која бележи пад на населението од 26,4 проценти, од 1990 година, а по неа е Босна Херцеговина со 22,4 отсто. БиХ имаше значителен пад во раните 90-ти гоини, како резултат на регионалните конфликти. На трето односно четврто место се Хрватска и Романија со пад од 17,9 отсто. Од соседните земји Македонија е на 11 место со пад популацијата од 2,3 проценти, Србија (од 1995 година) има пад од 12,6 и Косово (до 2021 година) 5,8 отсто, посочува агенцијата.

Во Албанија, имиграцијата и постепеното стареење на населението се главните фактори кои влијаеле на трендот на намалување на популацијата.

Според Евростат, за разлика од Источна Европа, Западна Европа го зголемила своето население, бидејќи прифатила имигранти кои доаѓале од источните земји. Во 27-члената Европска унија, населението пораснало за 7,3 отсто од 1990 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.