Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија, соопшти прес-службата на Европската комисија, пренесе Бета.
Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.
Во писмената реакција од прес-службата на Европската комисија, се наведува дека конструктивниот ангажман во нормализацијата на односите подразбира целосно спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.
ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.
За Србија и Косово, исто така, постои предуслов – „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори. во бриселскиот дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.