На премиерот на Албанија, Еди Рама утрово му била извршена апендектомија, односно операцијана слепото црево. Според прес-службата на албанскиот премиер, неговата здравствена состојба е добра. Операцијата ја изврши тим хирурзи и анестезиолози, под раководство на професорот Арбен Ѓат. Интервенцијата се смета за успешна, здравствената состојба на Рама е добра.

„Синоќа по повеќекратни тестови во Универзитетската болница „Мајка Тереза“ на премиерот Рама му е констатирано акутно воспаление на слепото црево. По препорака на лекарот од итната помош, премиерот утринава во раните часови беше опериран од воспалено слепо црево”, соопштија од Прес-службата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.