Во едно од кафулињата на централниот плоштад во атинското предградие Неа Смирни, во неделата вечерта, вооружен напаѓач застрелал двајца Албанци и ранил една жена.

Надзорните снимки објавени на YouTube го покажуваат моментот кога маскираниот вооружен напаѓач отворил оган кон жртвите.

Според локалните медиуми инцидентот се случил нешто по 21 часот и 30 минути.

Едниот од убиените починал на лице место, а другиот во болница, каде заедно со жената што седела на масата со нив биле однесени.

Се претпоставува дека случајот е поврзан со расправија за дрога.

Грчките медиуми, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека застреланиот 41-годишен Албанец бил поврзан со локалното криминално подземје во Атина. Другиот загинат и ранетата биле, исто така, гости во кафулето, според истите извори.

Информативниот портал Newsbomb.gr истакнува дека сите изјави од очевидците укажуваат на тоа дека станува збор за пресметка меѓу криминални групи. Според информациите на Newsbomb.gr, жртвата, која била од албанско потекло, била надвор од кафулето кога се појавил напаѓачот и пукал во него. Напаѓачот застрелал друг гостин во кафулето, како и жена, која изгледа не ги познавала двајцата Албанци, наведува порталот.

Од приложената снимка се потврдуваат извештаите на другите медиум кои се повикуваат на изјави на очевидци, дека маж облечен во црна облека со качулка отвора оган во кафулето а потоа бега.

По истрелите на плоштадот Неа Смирни, преполно со посетени локали и таверни во кои луѓето го следеле финалето на светското првенство во Карар завладеала паника и метеж, што го искористил напаѓачот да избега во непознат правец,

Атинската полиција набрзо по дојавата со часови го блокирала плоштадот и околните атински населби. Поведена е интензивна потрага по напаѓачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.