На денешен ден, 25 мај 1979 година, Јосип Броз Тито ја доби последната штафета, а тоа беше и неговиот последен митинг за Денот на младоста.
По неполна година, тој почина а младата жена која му ја врачила последната палка не ни знаела дека ќе остане запаметена по тоа.
Таа беше студентка од Приштина по име Санија Хисени и му се обраќаше на Тито и на албански и на тогашниот српско-хрватски јазик. Многу години подоцна, таа заврши во Канада, каде што живее и работи како лекар.
Дo Тито пак стоеше Азем Власи, во тоа време беше претседател на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, потоа претседател на Социјалистичката алијанса на работниот народ на Косово, потоа член на Претседателството на Покраинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Косово и Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.