Премиерот Андреј Пленковиќ проговори иза падот на леталото кое направи кратер со дијаметар од три метри и ги оштети околните автомобили на паркингот.

 Дронот е произведен во Русија, но се уште не се знае дали е од руската или украинската армија – изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

Премиерот објасни   дека дошол од правец на Унгарија, а според објаснувањата на унгарскиот премиер Орбан, во Унгарија тој пристигнал од правец на Романија. Хрватската страна стапила во контакт со украинската страна за да види дали има информации како авионот воопшто стигнал до Загреб.

– Се истражува дали се работи за грешка или изгубена контрола. Авионот летал над Хрватска неколку минути, а потоа се урнал во Загреб. Добро е што нема повредени, што паднала на дел кој не е станбен. Сите служби спроведуваат истраги и сите ќе вложат максимални напори да ги утврдат причините за пристигнувањето, а потоа и за падот на леталото – изјави премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.