Двегодишно момче од Србија го однело ветерот додека било на гумен чамец на километри подалеку од брегот, пишува Курир. Се се случило во познатото грчко одморалиште Ханиоти.

Неколку луѓе, меѓу кои и родителите, залудно пливале за да стигнат до момчето, бидејќи детето пребрзо се оддалечувало од брегот.

– Се одвиваше вистинска драма – велат сведоците на настанот.

По 30 минути агонија и повикување на помош од сите присутни во тој момент, човек на џет ски стигнал до момчето и го извлекол на брегот.

Момчето било вратено живо и здраво кај загрижените родители, пишуваат локалните медиуми. Полицијата апелира до родителите да внимаваат на своите деца и никогаш да не ги оставаат сами или без надзор на плажите и на море.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.