Пејачката Драгана Мирковиќ се приклучи на регионот кој со денови трага по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2). Пејачката во оваа прилика се огласи на својот Инстаграм профил каде сподели фотографија од девојчето со натпис дека исчезнала и апелираше до сите луѓе кои би можеле да дознаат нешто да искажат.

Ги замолувам сите луѓе во Австрија, доколку дознаат нешто за исчезнатата Данка, веднаш да се јават во полиција, пишува Драгана.

Пејачката на Инстаграм ја следат над 1,5 милиони луѓе.

Апелот пристига откако видео беше објавено на социјални мрежи, а на кое се гледа мало девојче во присуство на две жени во Виена. Според српските медиуми, двете жени се Романки. Српската полиција испитува дали станува збор за малата Данка, исчезната во вторникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.