Грција постепено ги олабавува мерките, од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година. Дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е и организирање училишни екскурзии.

Според министерската одлука објавена во Службен весник, маската и понатаму е задолжителна и во затворените простори и на отворено, исклучок се децата до четиригодишна возраст, а нема промени и во однос на документот за Ковид, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР тест, задолжителен речиси секаде во Грција.

Сертификатите за вакцинација, иако за влез во Грција се валидни девет месеци по примената втора доза, во внатрешноста на земјата важат седум месеци и без никакви ограничувања за оние кои имаат и засилувачка доза.

Слично е и со потврдата за прележан Ковид, за влез валиден е 180 дена, но онаму каде што е задолжителен во земјата, не смее да биде над 90 дена по првиот позитивен тест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.